Проектот

You are here: Home / Проектот

Проектот ENERGYNET тоа е една значајна иницијатива на пет општини од прекуграничната област Грција – поранешна Југословенска Република Македонија за создавање на мрежа, со цел да се промовира одржливата енергија и политиките на Европската заедница што се однесуваат на неа.

Членовите на ENERGYNET се:

   1. Општина Флорина, водечкиот партнер
      Регионот на Западна Македонија Население: 32.881

   2. Општина Велес
      Вардар Регион, Население: 55 108

   3. Општина Ираклија
      Периферија Централна Македонија Население: 21.145

   4. Општина Прилеп
      Пелагонискиот регион Население: 76,768

   5. Општина Визалтија
      Периферија Централна Македонија Население: 20.030

Вкупниот буџет на проектот изнесува 763.554 евра. Европската заедница учествува со 75% во случајот на Грција, а со 85% во случајот на пЈРМ.

pic_xrhmatodothsh_IPA

 

Целите на проектот:

  • Воведување и втемелување на одржливо енергетско планирање во општините.
  • Зајакнување на организациските способности на организациите за локална самоуправа (ОЛС) во доменот на енергијата.
  • Информирање и зголемување на свеста на локалните избрани претставници, извршните лица и граѓаните.
  • Изведба на пилотски проекти за енергетско подобрување.

Oчекуваните резултати од проектот:

  • Вклучување на петте општини во европската тематска мрежа на ОЛС „Повелба на градоначалници“ (Covenant of Mayors)
  • Штедење на енергија и економски ресурси
  • Зголемување на свеста на локалните заедници
  • Заштита на средината
  • Пристап на општините во современи алатки за финансирање
  • Способност на општините за ефективно барање на ресурси од програмите на Е.З.