Очекувани резултати

You are here: Home / Очекувани резултати

Првиот и најважен резултат на ENERGYNET ќе биде интеграцијата на петте општини во Паневропската тематска мрежа на локалните власти “Повелба на Градоначалниците”.  Тие ќе ги здружат своите сили и ќе ги разменат своите искуства со илјадници други европски општини на теми за енегетска одржливост и ефикасност.

Други очекувани резултати од проектот се:

  • заштеда на енергијата и следствено на тоа заштеда на економските ресурси: трошоците за енергија…
  • Подигнување на свеста кај локалните заедници: без инволвирање на граѓаните и без способни кадри не може да има промени во однесувањето и во праксата.
  • Заштита на животната средина: намалување на емисиите на стакленички гасови (GHG) кои го влошуваат ефектот на стаклена градина и  придонесуваат за долгорочно зголемување на просечната глобална температура како и промена на климата, затоа е многу важно иницијативата да потекнува на локално ниво.
  • Пристапот на општините до современите финансиски инструменти на Европската Инвестициона Банка и други институции. Енергијата создава трошоци и има вредност. Се случуваат трошоци од емисијата на гасови од стаклената градина (трговскиот систем на емисија на гасови). Затоа, проектите за подобрување на енергетската ефикасност (заштеда на енергија и производство од обновливи енергетски ресурси), овозможуваат повраќај на финансиските средства. Поради оваа причина, модерни финансиски инструменти се дизајнирани и се адресираат до локалните власти. Денес  општините можат да  реализираат големи проекти за  подобрување на енергетска ефикасност преку искористување на овие финансиски инструменти.
  • Подготвеност да се бараат средства од програмите на Европската Унија: Развој на Акциони Планови за одржлив енергетски развој, соодветна обука на вработените и воспоставување и функционирање на енергетските канцеларии во општините членови во ENERGYNET, ќе ја зголеми нивната подготвеност и нивната способност да лоцираат ефикасни ресурси од европските и националните институции.