Основни податоци

You are here: Home / Основни податоци

Општина Флорина

Водечки партнер
Општина Флорина се наоѓа во Регионот на Западна Македонија и опфаќа површина од 827,62 квадратни километри и има население од 32,881 жители. Седиште на општината е градот Флорина, град со неокласични згради и куќи по должината на бреговите на реката Сакулева. Општината изобилува со богата сценографија составен од планини и ридови, но исто рамничарски дел....
Општина Флорина

Општина Велес

Партнер 2
Општина Велес се наоѓа во Вардарскиот регион, и е со површина од 464 квадратни километри и има население од 55,108 жители. Седиштето на општината е градот Велес, кој се наоѓа на реката Вардар. Велес е познат како индустриски центар и во последно време, како лидер во спроведувањето на ИТ во локалната администрација.
Општина Велес

Општина Ираклија

Партнер 3
Општина Ираклија се наоѓа во регионот на Централна Македонија, во долината на реката Стримона со површина од 448,79 километри квадратни и население од 21.145 жители. Географската позиција се карактеризира со близината на езерото Керкини, кој е едно од десетте Рамсарски мочуришта. Значаен природен ресурс е геотермалното поле Хераклеа – Литотопу (низок топлински капацитет), кое се...
Општина Ираклија

Општина Прилеп

Партнер 4
Општина Прилеп се наоѓа во Пелагонискиот регион со површина од 1,194.44 квадратни километри и население од 76.768 жители. Седиштето на општината е градот Прилеп, центар за производство на високо-квалитетен тутун и цигари, обработка на метали, електроника, дрво, текстил и прехранбената индустрија.
Општина Прилеп

Општина Висалтија

Партнер 5
Општина Висалтија се наоѓа во Регионот на Централна Македонија, во долината на реката Стримона, со површина од 659,2 километри квадратни и население од 21.145 жители. Тоа е рурална област во која се одгледува спирулина и аспарагус. Таа е позната по своите топли извори на Терма и богатото геотермално поле. Седиштето на општината е градот Нигрита
Општина Висалтија