Капитализација и примена на знаењето

You are here: Home / Капитализација и примена на знаењето

Капитализацијата и примената на знаења претставени и систематизирани од општините учеснички во проектот ENERGYNET претставува кулминација на активностите во проектот. Стратешките планови кои комбинираат истражувања и анализа на податоците кои се однесуваат на енергетската ситуација во секоја општина, ќе бидат непроценливи алатки и наследство со текот на времето. Последно, но не и најмалку важно, пилот проектите ќе претставуваат добар почеток за претворање на теоријата во пракса.

Во секоја општина, од страна на сертифицирани енергетски контролори ќе бидат  прегледани објекти на вкупна површина од 5.000 квадратни метри. Сертификати за енергетска ефикасност на објектите ќе се издаде во согласност со важечката законска регулатива во соодветната земја.

Основна акција на ENERGYNET! Тоа се стратешките планови со кои општините:

  • Прво, ги идентификуваат и анализираат постојните ситуации – во поглед на потрошувачката и производството на енергијата и
  • Второ,  развиваат долгорочни планови кои се однесуваат на зачувување на енергијата и нејзино рационално управување, заедно со замена на фосилните горива со енергија од обновливи извори на енергија на територијата на општините.

Акциски планови за одржлив енергетски развој – SEAP ќе бидат развиени и нивната имплементација ќе се следи во согласност со барањата на Повелбата на Градоначалниците. Нивниот временски хоризонт ќе биде 2020 година.

  1. Florina Sustainable Action Plan
  2. Iraklia Sustainable Action Plan
  3. Visaltia Sustainable Action Plan

Секоја општина ќе  спроведе пилот-проект што ќе служи како прв добар пример за примена на енергетска ефикасност со конкретни резултати во однос на штедење на енергија и намалување на трошоците; Исто така ќе се демонстрира и намалена емисија на стакленички гасови.