Активности на дисеминација на информации и подигање на свеста

You are here: Home / Активности на дисеминација на информации и подигање на свеста

Активности на дисеминација на информации и подигање на свеста се со цел на ширење на пораката и на содржината, односно акции, активности и достигнувања на проектот до локалните заедници и пошироко; исто така, да се подигне свеста кај граѓаните и властите.

“Ајде да научиме, ајде да се грижиме, ајде да дејствуваме за енергијата!” е мотото на ENERGYNET .

ENERGYNET има предвидено во рамки на своите активности да произведе електронски и печатени промотивни материјали како портал, брошури, постери и ДВД-ја. Исто така Планот за Комуникација на проектот, кој ќе ги истражи и ги предложи начините и средствата за информирање и подигање на свеста на различни јавни групи (целни групи) со цел осознавање на директниот и индиректниот ефект од реализацијата и имплементацијата на проектот.

проектот Брошура:

Fylladio

проектот Брошура:

Петте општини од мрежата на ENERGYNET ќе организираат “Прекугранични Енергетски Денови” со цел да го информираат локалното население за целите и активностите на ENERGYNET, фокусирајќи се на специфичните теми на секоја област која учествува и на приоритетите на локалните средини во врска со прифаќањето и користењето на принципите и практиките на енерегтска одржливост и ефикасност.

Секоја општина во мрежата на ENERGYNET избира три средни училишта каде надворешни експерти ќе реализираат презентации за учениците. Презентациите ќе се однесуваат на интересни теми за одржлива енергија (производство на енергија од обновливи извори, паметна употреба и штедење на енергија, политики и стратегии на ЕУ, студии на случаи од праксата, итн).

Ќе се одржат два круга на семинари во општините на теми од управување со одржлива енергија (Планирање за енергетска ефикасност на локално ниво, ресурси на обновлива енергија, енергија добиена од отпадоци, биоклиматско планирање, студии на случаи од праксата за одржлива енергија, анимирање на општеството). Крајната сесија во кампањата за подигање свеста на вработените во општините ќе биде преку организација на информативен настан со учество на граѓаните кои се засегнати со теми на енергетска ефикасност.

Sensitization Campaigns in Municipal staff and locals / Final public event